„Секој човек што има минимум познавања на правото ќе ви каже дека никој, во принцип, не смее да биде суден и осуден врз основа на нелегално прибавени докази. Во таа смисла, снимките, или „бомбите“, како што ги нарекувавме, мораше да бидат третирани само како индиции врз основа на кои ќе се поведуваат истраги и ќе се обезбедуваат „цврсти“ докази“ пишува новинарот Бранко Героски, во колумна за +Инфо.
„За жал, неодговорната власт и егзалтираната јавност ги прифатија „бомбите“ како докази со кои може слободно и мериторно да се „разнесе“ нечија судбина.
Е тоа така веќе не смее да биде! Тоа е спротивно на сите правни принципи. Европа таква „правда“ не познава и не признава. Во иднина, снимките мора да бидат само индиции, а СЈО не смее и нив и сознанијата добиени од истрагите да ги споделува со јавноста (со одбрана група новинари), со цел обвинетите да ги ‘суди’“ во медиумите и на социјалните мрежи“, пишува Героски.





