„Четири часа и 25 ‘бомби’ емитувани во судница ѝ беа потребни на обвинителката Фетаи да ги разочара најблиските на жртвите на петкратното убиство кај Смилковско Езеро и да докаже зошто мисијата на СЈО заврши во ‘трговија со влијание’ со нелегално прислушуваните разговори. Ако нема цврсти докази или парадокази, на Фетаи ѝ предлагам на следното рочиште да пушти две нумери од Аца Лукас и да нѐ ослободи од својата бесмислена поза ‘борбата за правда продолжува’. Никој во тоа веќе не верува“, пишува новинарот Бранко Героски во својата најнова колумна за „Плусинфо“.
„Добро, ете, наумила Фатиме упорно да го крши Законот за кривична постапка и својот кејс да го заснова на експлоатација на нелегално прибавени докази, решила да биде сканија во судница, но кога веќе го прави тоа, барем во ‘бомбите’ да слушнеме кој е убиецот кај Смилковско Езеро“, бара Героски.





