Новинарот Бранко Героски апелира до премиерот Заев да запре со своите контроверзни политики за придавката македонски, знамето, химната, грбот и други теми.
Героски го моли Заев да не станува антимакедонист и да не се однародува иако за тоа според многумина е доцна.
“Знам дека не си – тоа ти е единствената олеснителна околност – но не станувај сега антимакедонист, Зоран Заев! Во твојата околина има такви одродени некадарници, но не мора ти да бидеш како нив.
Запри се и прибери се, дури не сте направиле некоја голема глупост!
Убаво ти текна дека си млад, дека имаш само 47 години. Животот е долг, а ти нема вечно да бидеш премиер, Зоране. Ако сакаш и утре да живееш со својот народ, мирно и спокојно, мора да го разбереш и да го почитуваш”, пишува Героски во колумната посветена на Заев кому веќе не му верува и бонкија прашува дали Заев лажел во Јануари или сега.
Цела колумна на овој линк на Плусинфо.мк






