Во своја анализа на обвинението за 27 април против екс спикерот на Собранието Трајко Вељановски новинарот Бранко Героски дава преглед на настани, новоди, докази и состојби од кои се гледа дека обвинетиот е предмет на лажно обвинение кое нема цел да ја открие вистината и да донесе правда.
“Пред да се впуштам во детална анализа на обвинението против поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поврзано со настаните од 27 април 2017 година, би сакал уште на почетокот да разјаснам три нешта.
Прво, упадот на толпата разбеснети граѓани во парламентот на 27 април и насилствата што се случија за мене претставува обид за државен удар, кој, за среќа, не успеа. Вака мислев и пишував и тогаш кога се случи тој трагичен настан, така мислам и пишувам и сега. Органите на прогонот, Обвинителството и Судот беа должни да утврдат кои се организатори и извршители на злосторствата, да подигнат обвиненија според Кривичниот законик и според тежината на извршените кривични дела да донесат соодветни пресуди.
Второ, за мене е целосно неприфатливо тоа што власта на Зоран Заев, со актот на амнестија за дел од учесниците во насилствата, а заради постигнување политички цели сосема неповрзани со обидот да се спречи мирниот трансфер на власта, калкулантски и непринципиелно го искомпромитира извршувањето на правдата. Не, не сум против тоа државата да им прости на луѓето кои биле заведени или понесени од чувството дека бранат некакви свои вредности (како што им прости, впрочем), но сите знаеме дека кои беа причините за актот на амнестија и секако знаеме дека не беа легитимни.
И трето, Трајко Вељаноски, чија инкриминација ќе ја анализирам, навистина го познавам само од телевизија. Првата и засега единствена средба со него ја остварив пред десеттина дена, кога беше најавено сведочењето на поголема група поранешни пратеници од повеќе политички партии. Од Вељаноски ги добив обвинението и материјалните докази кои веќе ги доставил во судската постапка, а сакав и лично да ја слушнам неговата одбрана.
Замислете, „виновен“ зашто се координирал со пратениците од својата партија?!”, пишува Героски во анализата
Целата анализа на овој ЛИНК





