Новинароит Бранко Героски ги поздравува ставовите на академик Владо Камбовски и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев за „случајот Јанакиески“, декапри донесување на осудителната пресуда, Судот мора да го засмета притворот, независно за кое кривично дело против него биле покренати различните постапки.



Поранешниот министер и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески има најдолг притворенички „стаж“ од сите. Тој досега одлежа 4 години и 8 месеци во притвор. Одбраната смета дека тој „стаж“ треба да се засмета во казната, без оглед што е стекнат за различни предмети откако со последната прсуда за „Титаник“ доби затворска казна од 3 години и 6 месеци.

Героски апелира Судот во случајот на Миле Јанакиески, да демонстрира фер и коректен однос и да се приклони кон мислењето на двајцата угледни кривичари. Дотолку повеќе што ниту еден закон не забранува Судот да постапи како што бара одбраната – а тоа што не е забрането со закон, дозволено е.

„Би можел само да потсетам само на три дополнителни и неспорни факти поврзани со Миле Јанакиески“ пишува Героски за „Плусинфо“.

Прво, во случајот „Титаник“, осудениот призна вина. Тоа е факт што мора да се цени при пресудувањето.

Второ, станува збор за единствениот осуденик во предметот „Титаник“ којшто доби затворска казна.

И трето, верувам дека и заговорниците на најстрога казнена политика при спроведувањето груба одмазда кон припадниците на режимот на Груевски ќе се согласат дека Јанакиески сепак го одлежа своето. Кон него, како кон никој друг, ова нереформирано судство, во кое јавноста нема доверба повеќе од 4 отсто, досега покажа невидена грубост и нехуманост.

Ако беше за аир, доста беше!

Пуштете го Миле на слобода!

И реформски и човечки е така да се постапи“ – вели Героски.