Германскиот министер за финансии предупредува на претстојната криза – следи економска стагфлација

Министерот за финансии на Германија, Кристијан Линднер денеска предупреди на претстојната фаза на економска „стагфлација“.



Линднер изјави за Handelsblatt дека рускиот напад врз Украина означува не само привремена криза, туку и вовед во нова ера за германската економија.

Во текстот на авторот тој вели дека постои опасност од „стагфлација“, односно фаза во која ќе има ниски стапки на раст, со висока стапка на инфлација.

Затоа, смета тој, потребна е предвидлива финансиска и здрава економска политика.

Германија, вели тој, мора да ја намали својата еднострана зависност од увозот на енергија од Русија, како и од извозот во Кина.

Разликата помеѓу рецесија и стагфлација?

Колку што рецесијата е нормален дел од макроекономскиот циклус, толку стагфлацијата не е. Клучната разлика помеѓу рецесијата и стагфлацијата е во тоа што при стагфлација, продолжениот период на низок економски раст е придружен со висока стапка на инфлација.

Треба да се каже дека ниската инфлација (до 5% годишно) има дури и корист за економскиот раст. Ситуацијата е драстично поинаква кога таа граница ќе се надмине.

Затоа стагфлацијата е толку опасна. Со зголемената невработеност, потрошувачите имаат помалку пари за трошење, а кога на тоа ќе се додаде и инфлацијата, парите што всушност ги имаат секој ден вредат се помалку.

ФОТО: EPA/TOBIAS SCHWARZ / POOL