Германскиот канцелар Шолц слета во Киев

Германскиот канцелар Олаф Шолц пристигна во Киев на средба со претседателот Володимир Зеленски во период кога западните земји го повлекуваат персоналот од своите амбасади во Киев, а многумина исто така ги повикуваат своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина, стравувајќи од можна руска агресија.



Шолц ги предупреди руските власти дека ќе се соочи со санкции доколку започне воена агресија против Украина.

„Воената агресија против Украина, која го загрозува нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, ќе резултира со остри реакции и санкции“, предупреди Шолц, додавајќи дека Германија и нејзините сојузници се подготвени веднаш да ги спроведат.

Утре, германскиот канцелар ќе замине за Москва на средба со претседателот Владимир Путин.