Некои германски медиуми, меѓу кои конзервативниот Ди Велт, се залагаат Италија да не добива финансиска помош од ЕУ заради опасност таа да заврши во рацете на мафијата, пренесува Б92.
Во текстот посветен на барањата на Италија и Франција за издавање таканаречени „корона обврзници“ за да им се помогне на погодените економии, германскиот весник се заага помошта, „од германските даночни обврзници“, да ѝ се додели на Италија само за здравствениот систем, но не и за поддршка на економијата, затоа што „мафијата само чека пари од Брисел “.



Вчера италијански медиуми пренесоа дека мафијата дели храна на луѓе, бескаматни кредити и обидува да преземе бизниси користејќи ка кризата со коронавирусот.

Италијански политичари реагираа жестоко на ова, пренесува „Ла Република“.
Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, рече дека станува збор за „срамен и неприфатлив став“.
Се надевам дека германската влада нема да го прифати ваквиот став. Италија сега жали за жртвите од коронавирусот, но исто така ги оплакува и жртвите од мафијата и не можам да го прифатам тоа мислење “, рече Ди Мајо.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека „луѓето умираат и Европа има должност да реагира“. „Ни треба порака за единство, не само за Италија, туку за сите луѓе во Европа“, рече Ди Мајо.

Никола Мора, сенатор од Калабрија и претседател на италијанската анти-мафијашка комисија, исто така се пожали дека ова е навреда за бројни жртви од мафијашката војна во Италија.

Серџио Батели, претседател на Комисијата за европски прашања во италијанскиот парламент, го нарече ставот на Ди Велт пример на „најлошата анти-италијанска пропаганда“.

https://www.facebook.com/LuigiDiMaio/posts/2929874963715697
https://www.facebook.com/salviniofficial/posts/10157581062978155