Германски пратеник не верува дека канцеларот Шолц сака Украина да победи против Русија

Шефот на европското дописништво на американскиот медиум Политико објавува став на германски пратеник во Бундестагот кој смета дека канцеларот на Германија не сака Украина да победи во војната со Русија.



,,Вонредна размена на германската телевизија: почитуваниот пратеник на ЦДУ @RKiesewetter, пензиониран армиски полковник, вели дека не верува оти Олаф Шолц сака #Украина да ја добие војната”, пишува Мет Карничник од Политико.

Недовербата на пратеникот Родерик Кисерветер кон Шолц доаѓа по коментарите во германската јавност дека Берлин намерно не доставува доволно оружје на Зеленски.