40 пратеници на Бундестагот ја повикаа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен да обезбеди постапка за стопирање на приливот на бегалци во Европа преку формирање на центри за мигранти на надворешните граници на Унијата.
Во новите центри бегалците кои бараат прибежиште да одат „директно во постапката за добивање азил, а оние на кои не им е одобрен таков статус“ да бидат депортирани, се наведува во писмото на пратениците, цитирано од германскиот весник „Велт ам зонтаг“.
Изградбата на вакви центри е можно во согласност со член 43 од Директивата за процедури за азил на ЕУ.
Бегалците кои добиваат ваков статут мора да бидат распределени од центрите за миграција на надворешните граници во другите земји-членки на Унијата.
Писмото го потпишале пратениците на ХДС Маријан Венд, Филип Амтор, Армин Шустер и генералниот секретар на партијата, Пол Зимак, како и претставници од Италија, Грција и Кипар, како и од Европскиот парламент.
Во писмото, сепак, се забележува дека дури и кога центрите ќе се воспостават, земјите членки на ЕУ мора да направат вистински договор за депортирање на илегални мигранти со откажан статут.
Досега само многу мал дел од одбиените за азил биле вратени во нивните матични земји надвор од Европа.
Докоилку остане така, таквите тампон центри брзо ќе прелеполнат па и тие кои немаат право на азил ќе останат за стално во Европската унија, пренесува БГНЕС.
Писмото од пратениците на Бундестагот доаѓа само еден месец откако политичарот на ХДС, Маријан Венд изјави дека притисокот на балканската рута повторно е зголемен поради нелегалната миграција низ Турција кон Грција.





