Германските медиуми пренесуваат дека ненадејно починал потпретседателот на Германскиот Бундестаг, Томас Оперман (66).
На политичарот од редовите на СДП вчера му се слошило во текот на снимањето за ТВ „ZDF“, и бил итно префрлен во болница.
Оперман кон крајот на август најавил дека нема да се кандидира на претстојните парламентарни избори.




