За време на неговата ненадејна посета на Киев, германскиот министер за одбрана Борис Писториус за германското издание „Билд“ изјави дека „светот би бил подобро место без Путин“.



Мислам дека тоа може да се каже без двоумење или компромис, да!“, одговори германскиот министер на новиунарско прашање.

Министерот за одбрана, исто така, рече дека Украина мора да победи во оваа војна, истакнувајќи дека не знае дали Украина може да ги врати Донбас и Крим, но изрази уверување дека западните сојузници мора да продолжат да ја поддржуваат Украина.

На новинарско прашање дали руските нуклеарни закани го плашат, Борис Писториус одговори: „Тие не ме плашат многу. Тоа што се случува е едно, а она што се случува во пропагандата е друго. На крајот на денот, никој од нас знае што прави Путин, но тоа не треба да не спречи да обезбедиме разумна поддршка заедно со нашите сојузници“.