Германски министер: Стигнува „супер сој“ отпорен на вакцини

Германскиот министер без ресор, Хелгер Браун, предупредува на опасноста од „супер сој“, кој може да биде имун на вакцини против коронавирусот.



Во интервју за „Билд“, Браун, кој по професија е доктор, оцени дека Германија во моментов е во најопасната фаза на пандемијата.

„За жал, сите стравови се обистинија. Третиот бран има потенцијал да биде полош од првиот, затоа што е предизвикан од позаразна мутација.

„Ако бројот на инфекции расте, паралелно со вакцинацијата, постои поголема опасност следната мутација да биде имуна на вакцината“, објасни тој.