„Грешка беше за Европа, за НАТО, за Западот што ја држат вратата отворена за Украина и во исто време ѝ кажаа дека не може да влезе во (НАТО), изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтнуг“, пренесе Њуз.бг.
Тој смета дека сега Украина се чувствува заробена меѓу два пожари.
„Одедна страна ја охрабруваат да работи за демократија и слобода и да гледа кон запад – од друга страна не и дозволуваат да влезе. Ветивме заштита од Русија, но не сакавме да ја гледаме Украина како НАТО партнер“, објаснува тој.
Ја осудивме анексијата на Крим како кршење на меѓународното право, но го изградивме Северен тек 2.
Сакавме Украина да се брани – и така да ја чува Европа безбедна – но не со наше оружје. Треба да си признаеме дека не бевме доследни во нашата позиција“, вели Хабек
Тој признава дека војната во Украина можела да се спречи.
„Ако погледнеме наназад сега, има многу моменти во кои теоретски можеше нештата да се направат поинаку. Секој од нив ќе доведеше до различно сценарио. – истакнува германскиот министер.
За барањето на Украина нејзиното небо да биде затворено за летови тој вели:
„Германија го прави она што може, но со добра причина се воздржува од учество во самата војна. Тогаш ние би биле во поинакво сценарио, тогаш НАТО и Русија би биле во војна“.






