Социјалдемократката , Ана Касауцки, победи на вчерашните парламентарни избори во изборната единица во Мекленбург-Западна Померанија, каде канцеларка Ангела Меркел добиваше директен мандат осум пати по ред за германски канцелар.
Меркел победуваше во оваа изборна единица од 1990 година, пренесуваат германските медиуми.
Излезните анкети покажуваат дека на федерално ниво за Социјалдемократите предводени од нивниот кандидат за иден канцелар гласале 25,7 проценти, од гласачите додека конзервативците – демохристијаните или коалицијата на ЦДУ / ЦСУ имаат 24,1 проценти, што е изториски најлош резултат на оваа партија.
Официјалните претставници на ЦДУ беа разочарани и ова го кажаа јасно додека ги слушаа првите проценки на резултатите
Зелените се на трето место со 14,8 проценти – нивниот најдобар изборен учинок.
Слободната демократска партија доби 11,5 проценти, што претставува зголемување на поддршката во споредба со претходните избори.
Партијата Алтернатива за Германија падна на петтото место со 10,3 проценти.







