Последната анкета за деловната клима во земјава, спроведена меѓу членовите на македонско-германското стопанство, покажува дека сконцентрираноста кон надворешната политика, го одвлекла вниманието од економијата, пренесува Радио Слободна Европа.
Дури 56 отсто од инвеститорите за минатата година дале лоша оценка за економската ситуација, а за годинава се оптимисти, но 54 проценти не се надеваат на поголеми промени.
Ниту една од 200 компании со германски капитал кои работат во земјава работењето на актуелната Влада на економски план не го оценуваат како добро, за 46 отсто тоа е лошо, за 49 проценти е задоволително, а 5 отсто немаат мислење. Анкетата на германската комора покажала и дека лани, економската состојба во земјава била оценета како добра од само 5 отсто од германските фиорми, за 56 проценти таа е лоша и задоволителна за 39 отсто. За лошите оценки влијаел и фактот што властите повеќе се фокусираа на надворешната политика, а помалку на економијата., јавува Телма.
Но, 76 отсто повторно би инвестирале во земјава, а 61 процент од компаниите сакаат тука да се воведе евро, вели директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, кој ги презентираше резултатите од анкетата.





