Германска министерка против враќање на задолжителниот воен рок

Аналена Бербок ја отфрли можноста за повторно воведување воена обврска за време на јавната сесија на прашања и одговори вчера во Минхен.



Германската министерка за надворешни работи објасни дека воената служба нема смисла кога станува збор за безбедноста, „особено не кога сме во ситуација кога луд број на луѓе – помлади и постари – велат: сакаме да се пријавиме“.

Според неа, во моментов нема доволно програми за обука и ресурси за сите оние кои сакаат да служат во германските вооружени сили.