Извршниот директор на германската медиумска групација Аксел Спрингер најави дека новинарите се пред ризик да бидат заменети со системи за вештачка интелигенција како ChatGPT.
Ова беше објавена додека издавачот се обидува да ги зголеми приходите на германските весници „Билд“ и „Ди Велт“ и да премине во „чисто дигитална медиумска компанија“, пишува „Гардијан“.
Тој најави кратења на работни места, бидејќи автоматизацијата и вештачката интелигенција сè повеќе учествуваат во новинарскиот производ.
„Вештачката интелигенција има потенцијал да го направи независното новинарство подобро од кога било – или едноставно да го замени“, рече извршниот директор Матијас Доепфнер во интерното писмо до вработените.
Алатките за вештачка интелигенција како популарниот ChatGPT ветуваат „револуција“ во информациите, рече тој, и наскоро ќе бидат подобри во „собирање информации“ од новинарите – луѓе.
„Само оние кои создаваат најдобра оригинална содржина ќе преживеат“.
Не е прецизирано колку персонал би можело да биде намален, но нема да има кратење на бројот на „репортери, автори или специјализирани уредници“.
Во своето писмо до персоналот, Допфнер рече дека медиумите мора да се фокусираат на истражувачко новинарство и оригинални коментари.






