Германија: За 24 часа 8.400 нови случаи на коронавирус

Бројот на нови случаи на коронавирус во Германија во последните 24 часа достигна 8.400, објави Институтот Роберт Кох .



Ваков број на заразени не е пријавен од мај оваа година.

Од почетокот на пандемијата, земјата регистрираше 3.843.775 инфекции.

Починале 22 лица, со што вкупниот број на починати достигна 91,943.