Ученик(17) во стручно училиште во северозападна Германија, ја убил својата наставничка откако ја нападнал со нож,соопштија властите.
Тој е осомничен дека со нож смртно ja ранил 55-годишна жена, по што сам се пријавил на полицијата, наведуваат во заедничко соопштение обвинителството и полицијата.
Во соопштението се вели дека истрагата е „во рана фаза“ без да се дадат информации за кој било можен мотив,пренесе Дојче веле.
Се очекува осомничениот да се појави пред судија во среда, изјави портпаролот на полицијата.
Друг ученик моментално се соочува со судење во западна Германија за планирање масовно пукање во неговото училиште во Есен.
Според обвинението, тој сакал да ги нападне наставниците и учениците.






