Германија соочена со паѓање на владата!?

Претседателката на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) Андреа Налес поднесе оставка денес, објави Ројтерс.



Оваа ситуација може да доведе до паѓање на германската влада доколку  СПД избере нов лидер кој најверојатно би дошол од фракцијата која се спротивставуваше на новата голема коалиција на СПД и Христијанско-демократската унија (ЦДУ) пред една година.

Медиумите оценуваат дека една од причините за ова е што за нов претседател на партијата м,оже да биде избран, Олаф Шолц, заменик-секретар и министер за финансии, кој смета дека големата коалиција не треба да продолжи.

Социјалдемократите завршија на европските избори како трета најсилна партија во земјата, зад демократите и зелените.