Германија: Социјалдемократот Шолц се поблизу до наследник на Меркал

Социјалдемократскиот кандидат за канцелар на Германија, министерот за финансии Олаф Шолц, победи на синоќешната, трета телевизиска дебата, покажуваат анкетите.



Тројца кандидати се натпреваруваат за канцелар на изборите што ќе се одржат на 26 септември:

претставникот на Христијанско -демократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел, Армин Лашет,

претставникот на Социјалдемократската партија во Германија, Олаф Шолц и

кандидатката на Зелените, Анана Бурбок.

Учеството на Шолц беше оценето како убедливо од 42%од гледачите, Армин Лашет доби 27% поддрчка, Бурбок – 25%.

На крајот од телевизиската дебата, учесниците беа прашани за можните коалиции по изборите. Бурбок не ја отфрли можноста за владејачка коалиција со Зелените, но рече дека би било добро ХДЗ да отиде во опозиција.

Лашет и Шолц ја отфрлија соработката со десничарската партија Алтернатива за Германија, а Лашет исто така се спротивстави на соработката со левицата.

Шолц отворено рече дека би сакал да формира нова влада доколку партијата победи на изборите во соработка со Зелените.