Откако Владата со фотографија од Германија промовираше домашен туризам, реагираше фотографот на сликата на правена на германско езеро кој рече дека “умрел од смеење“ кога видел што направила македонската Влада.



Граѓаните на социјалните мрежи со потсмев но и со многу дух и предложија на владата фотки од многу други познати светски туристички атракции за платформата „Дома си е дома“.

Од министерството за економија реагираана , како што велат, направената грешка.

„Министерството за економија во текот на денешниот ден ја замени  фотографијата која е употребена на платформата „Дома си е дома“ (www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk ) преку која се реализира мерката за ваучери за туризам за граѓани со ниски приходи.

Новата фотографија е од домашна туристичка дестинација.