Германската влада веќе и не се потпира на тоа дека Русија повторно целосно ќе ја отвори славината за гас. Со полна пареа се бараат алтернативни решенија. Германските електрани на јаглен кои беа ставени на ред за затворање, од сега па најмногу до девет месеци, може повторно да бидат вклучени во мрежата со цел да се отстранат од електраните на гас, кои во моментов произведуваат околу десет проценти од струјата во Германија, пишува Дојче веле.
Русија продолжува со намалена испорака на гас, наводно поради турбина која беше на поправка во Канада и поради тоа германската влада подолго време ќе се потпира на електраните на јаглен.
„Турбината е тука и може да биде испорачана. Само треба некој да каже сакам да ја добијам и сѐ ќе оди брзо“ порача канцеларот Олаф Шолц кој во градот Милхајм на Рур демонстративно се сликаше со турбината за гас во компанијата Сименс Енерџи.
Турбината всушност одамна требаше да биде вратена во Русија и да се користи за гасоводот Северен тек 1.
Нема никаква пречка да се испорача турбината за гас во Русија, рече канцеларот.
„Само руските претставници треба да кажат дека ја сакаат турбината и да ги дадат потребните податоци за царински транспорт кон Русија,“ рече канцеларот.
Шолц нагласува дека Газпром во секое време може непречено да си ја врши испораката кон Европа.
Побарувачката за јаглен во Германија од септември значително ќе се зголеми, проценува Здружението на увозници на јаглен, ВДКи со седиште во Берлин. „Зимава ќе се увезат околу 30 милиони тони јаглен за електраните,“ вели претседателот на Здружението, Александер Бете. Тоа е за 11% повеќе од 2021.
50% од јагленот досега се увезуваше од Русија, но тоа наскоро нема да биде можно. ЕУ воведе санкции на 9 април со кои се забранува купување и увоз на јаглен и нафта од Русија. Претходно склучените договори може да се спроведат до крај. Нафта може да се испорачува најдоцна до крајот на декември, додека јаглен само до 10 август.






