На 1 август Германија ќе го прекине купувањето руски јаглен , а на 31 декември ќе престане да купува руска нафта.
Овој потег треба да стави крај на енергетската зависност на Германија од Русија, а причина е рускиот напад на Украина, пренесе Ројтерс
Германија досега задоволуваше 40 отсто од потребите за јаглен и 40 отсто од потребната ната од Русија.
Заменик-министерот за финансии Јоерг Кукиес денеска на енергетскиот форум во Сиднеј, организиран од австралиската влада и Меѓународната агенција за енергија образложи дека клучниот предизвик што претстои ќе биде да се пополни огромната празнина што ќе остане во снабдувањето со гас откако Германија и целата Европска унија ќе се одвикнат од руските испораки, кои сега изнесуваат 158 милијарди кубни метри годишно.






