Бундесверот (германската армија) се соочува со недостиг од борбени авиони, фрегати, хеликоптери и војници, па владата на Олаф Шолц размислува да го врати задолжителната воена служба.
Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека постои голем јаз меѓу Германците по ова прашање, бидејќи постарите луѓе се за враќање на воениот рок, стравувајќи од ширење на конфликтот од Украина во Западна Европа, додека младите Германци, кои се најдиректно погодени со ова, не се поддржувачи на промените.
Социјалдемократскиот министер за одбрана Борис Писториус го наведува примерот на Шведска, каде, исто како и во Германија, задолжителната воена служба беше укината, а потоа повторно воведена.
„Имаше причини зошто беше суспендиран воениот рок, но … тоа беше грешка“, рече тој.
Sе наведува дека доколку повторно се воведе обврската за воен рок, таа би ги опфатила двата пола.
Според официјалните информации на Бундесверот, Германија на крајот на октомври располагала 181.383. војници, додека за време на Студената војна во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век ги имало речиси половина милион.
Бундесверот сега е далеку од својата цел до 2025 година да има 203.000 мажи и жени во униформи, додека во исто време е се помалку привлечен за младите.





