Јерг Кукис, државен секретар во германската влада и главен советник на канцеларот Олаф Шолц вели дека е прво е потребна реформа на ЕУ за да не се загрози способноста на блокот да дејствува, па потоа пристапување на нови земји-членки, пренесува „Еуроактив“.



„Како германска влада имаме многу јасни позиции за ова, а одговорот е дека ни требаат институционални реформи. Барем во исто време со проширувањето“, додаде тој на трибината организирана од „Еуроактив“.

Освен Германија, досега и Франција и Шпанија се изјасниле дека блокот треба да се реформира.

Реформата на ЕУ треба да биде направена како предуслов за проширување што може значително да го забави процесот на проширување.

„Ако го погледнете овој нон-пејпер на тринаесетте земји-членки кои изразија критики за институционалните реформи, тоа се главно држави кои се залагаат за брзо проширување“, вели Николај фон Ондарза, шеф на одделот за истражување на ЕУ на Германскиот институт за меѓународни и безбедносни прашања (СВП).

„Оваа перспектива на ЕУ од 30 плус во временската рамка на следните десет години според мене е клучот за институционалните реформи. Ако не успееме да ја отвориме вратата за нови реформи на ЕУ пред наредното проширување, тогаш овој моментум засекогаш ќе исчезне“, рече Ондарза.