Околу 30 германски војници, распоредени во Багдад и Таџи, ќе бидат прераспоредени во Јордан и Кувајт, изјави портпаролот на германското министерство за одбрана за АФП.
Германија распореди околу 415 војници како дел од коалицијата против Исламка држава, од кои 120 свои војници се стационирани во Ирак.
Овој потег на Германија доаѓа откако ирачкиот парламент донесе резолуција во која се повикува владата да го раскине договорот со коалицијата предводена од САД.
Министерот за надворешни работи Хајко Маас рече дека военото присуство на Германија во Ирак беше по покана на ирачката влада и парламентот“.
„Доколку веќе не е така…тогаш ова нема правна основа да се биде таму. Треба да го разјасниме тоа со оние во Багдад што е можно поскоро. “




