Германија повикува мигранти-лекари на помош против Ковид-19


Се поголем број на доктори и медицински работници во Германија се болни и во карантин, поради што германските здравствени власти побараа од медицински квалификуваните мигранти да им се придружат во борбата против коронавирусот.



Според институтот „Роберт Кох“ дури 2,300 доктори се во карантин или се заразени.

Поради ова, здравствените власти од Саксонија ги повикуваат на помош странските доктори, вклучително и мигрантите.

Според податоци објавени на Фејсбук групата „Сириски доктори во Германија“, околу 14 илјади Сиријци чекаат дозвола за работа.