Германија ќе воведе „локдаун“ во текот на Божиќниот период откако бројот на смртни случаи и инфекции од коронавирусот достигна рекордно ниво.
Новата блокада ќе трае од 16 декември до 10 јануари. Најавувајќи го овој потег по состанокот со лидерите на 16 држави во земјата, Меркел рече дека има „итна потреба да се преземе акција“, пренесе Би-би-си,
Рестораните, баровите и центрите за одмор се веќе затворени од ноември, а во некои области од земјата веќе е воведен карантин.
Од продавниците ќе останат оние кои се неопходни , а се предвидува да се затвораат и училиштата…
Канцеларката Ангела Меркел изјави дека божиќниот шопинг придонел за „значителниот“ пораст на социјалните контакти.
Најновите бројки покажаа нови 20.200 новозаразени и дополнителни 321 смртен случај.






