Германија може да ги национализира филјалите на „Гаспром“ и „Роснефт“!?

Германското Министерство за економија ја разгледува можноста за експропријација на филјалите на Гаспром и Роснефт во земјата, објави Ројтерс, повикувајќи се на деловниот весник Handelsblatt.



Двете компании се незаменливи на германскиот енергетски пазар, при што „Гаспром Германија“ има големи складишта за гас, а „Роснефт Германија“ е клучен играч во рафинериите за бензин, дизел и керозин, забележува Handelsblatt.

Во исто време, компаниите ризикуваат да паднат во „технички банкрот“ откако банките и деловните партнери се оградија од компаниите во руска сопственост по воведувањето на западните санкции против Русија.

Пред неколку дена претставници на Европската унија влегоа во канцелариите на германските оддели на Газпром како дел од истрагата за улогата на рускиот гасен гигант за рекордно високите цени на гасот.