Германија врши околу половина милион тестови за коронавирус неделно, вели водечкиот германски виролог според кој токму ова е причина за ниската стапка на смртност од Ковид-19 во земјата во споредба со другите држави – пренесува tocka.com.mk.
„Причината зошто ние во Германија имаме така мал број на смртни случаи во однос на бројот на заразените е поради фактот што обработуваме голема количина на лабораториски тестови“ – изјави Кристијан Дростен, главен виролог во берлинската болница Карите.
Во Германија каде има 43 илјади заразени со коронавирусот, досега починаа 260, односно далеку помалку споредено со другите европски држави.




