Властите во северна Германија апелираа до илјадници луѓе да добијат уште една вакцина против Ковид, откако полициската истрага откри дека медицинска сестра на Црвениот крст можеби им вбризгала солен раствор, јавуваат медиуми.
Медицинската сестра е осомничена дека им инјектирала раствор на сол на луѓето наместо вистински дози во центарот за вакцинација во Фрисланд – рурален округ во близина на брегот на Северното Море.
„Се работи за вкупно 8.557 луѓе кои можеби не биле целосно или делумно заштитени со вакцинација, иако претпоставувале поинаку“, рече во вторникот гувернерот на округот Фрисланд, Свен Амбрози.
Физиолошкиот раствор го примале главно луѓе постари од 70 годиниво периодот помеѓу 5 март и 21 април.
„Бидејќи не знаеме точно колку од нив добиле обичен физиолошки раствор наместо вакцина во период од седум недели, им понудивме на сите да ја повторат вакцинацијата“, велат од локалниот Кризен штаб.
Скандалозниот случај беше откриен на крајот на април, но се претпоставуваше дека се работи за само шест инјекции исполнети со физиолошки раствор.






