По притисоците, германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека обезбедил вкупно две милијарди евра дополнителна воена помош за странство – од што значително повеќе од милијарда евра ќе одат директно во Украина, јави првата програма на германскиот јавен сервис- АРД.
Украинците овие пари ќе можат да ги користат за купување оружје кое го сакаат – во консултации со САД и со другите партнери.
Ако купат оружје од Германија, извозот мора да го одобри сојузниот министер за економија, Роберт Хабек. Од пакетот, 400 милиони евра се наменети за European Peace Facility, кој купува оружје за Украина. Останатите 400 милиони евра се за други земји… пренесе Дојче веле.
Овие две милијарди евра не се дел од претходно најавениот посебен фонд за модернизирање на Бундесверот од 100 милијарди евра, туку се работи за дополнителни пари, зголемување на овој годинешнен буџет.
Министерот за финансии, Кристијан Линднер, ја потврди оваа одлука во петок вечер. „Медиумските извештаи се точни“, напиша тој на Твитер. „Канцеларот Шолц благовремено побара зголемување на буџетот.“






