Идната германска влада сака да ја направи вакцината против коронавирус задолжителна до 16 март за вработените во болниците, домовите за стари лица и другите здравствени установи.
Тоа се наведува во предлог-законот во кој Ројтерс имал увид во неделата.
Германија досега се воздржуваше од воведување задолжителна вакцинација поради страв од зголемен недостиг на медицински персонал и старатели.
Сепак, поддршката за овој потег порасна откако земјата се соочи со зголемување на бројот на случаи на инфекција во четвртиот бран на пандемијата.
Социјалдемократите, Зелените и Либерално-демократската партија, кои се подготвуваат да формираат нова германска влада во среда, имаат намера следната недела да поднесат нов закон пред парламентот.
Во нацртот се наведува дека вработените во споменатите области до 15 март ќе треба да докажат дека се вакцинирани против коронавирус, дека се опоравиле од Ковид 19 или да приложат потврда дека не можат да се вакцинираат.
Германија има намера да вакцинира 30 милиони луѓе пред Божиќ. (Б92)






