На Германија ќе и треба голема миграција за да се спречи сериозен недостиг на работна сила, соопшти германскиот министер за економија Роберт Хабек, цитиран од Ројтерс.
„Денес имаме 300.000 слободни работни места и очекуваме тие да се зголемат на еден милион и повеќе“, рече тој на прес-конференција, додавајќи:
„Ако не ја пополниме оваа празнина, ќе имаме реални проблеми со продуктивноста“.
Германскиот економски институт проценува дека работната сила во земјата годинава ќе се намали за повеќе од 300.000, бидејќи има повеќе постари работници кои ќе заминат во пензија отколку помлади кои ќе влезат на пазарот на трудот.






