Руската влада одобри привремено укинување на „одмаздничките санкции“ кон непријателски зами и дозволи проток на природен гас во Германија за уште 90 дена, објави Ројтерс.
Уредбата на руската влада, имено, овозможува транспорт на гас преку гасоводот Јамал до компанијата „Гаспром маркетинг и трејдинг Сингапур“, која е дел од Гаспром Германија.
Шолц: Путин не може да диктира услови за мир во Украина
Пред неполни две недели Кремљ објави дека руските санкции наметнати на поранешниот германски оддел на државната гасна компанија Газпром и други субјекти значат дека овие компании повеќе не можат да добиваат природен гас од Русија.
Германија, најголемиот руски купувач во Европа, на почетокот на април му ја префрли контролата на Гаспром Германија на германскиот енергетски регулатор со цел да обезбеди енергетската безбедност на земјата, потсетува Ројтерс.






