Мерката има за цел земјата да се подготви за можно затворање на протокот на природен гас од Русија, објави Гардијан
Министерот за економија Роберт Хабек увери дека безбедноста на снабдувањето во моментов е загарантирана и Германија внимателно ги следи испораките на пазарните оператори.
Минатата недела Хабек ги повтори зборовите на канцеларот Олаф Шолц и на министерката за надворешни работи Аналена Бурбок, нагласувајќи дека Германија сè уште не е подготвена да воведе санкции за руските енергетски производи.
Претходно овој месец, министерот рече дека неговата земја ќе мора да ги задржи своите електрани на јаглен во резерва и евентуално да ги остави да работат во случај на целосно прекинување на испораките на гас од Русија.
Германскиот канцелар Олаф Шолц веќе го отфрли барањето на Владимир Путин „непријателските земји“ да го плаќаат рускиот гас во рубљи. Тој на прес-конференција рече дека повеќето договори за гас со Русија имаат клаузули за плаќање во долари или евра.






