Германија го запира „Северен тек 2“

Германија презеде чекори за да го запре процесот на сертификација на рускиот гасовод Северен тек 2, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц, пренесува АП.



Ова е една од првите санкции на Западот против Русија поради кризата во Украина.

Шолц им рече на новинарите во Берлин дека неговата влада презема мерки како одговор на активностите на Русија во Украина.

Гасоводот што испорачува природен гас од Русија до Германија долго време е предмет на критики од САД и некои европски земји, кои тврдат дека ја зголемува зависноста на Европа од руската енергија.

Шолц рече дека владата одлучила да ја „преиспита“ сертификацијата на гасоводот, кој сè уште не е оперативен, поради настаните во Украина.