Германија го симна Косово од листата земји со висок ризик од Ковид-19, не и Македонија

Од петокот наваму Косово повеќе не е на германската листа на земји со висок ризик од Ковид-19, што значи дека неговите граѓани од денеска можат да влезат во Германија без да приложат сертификат за вакцинација или негативен тест, за разлика од државјаните на Македонија.



Без една од двете наведени потврди, при влез во Германија со македонски пасош задолжителен е десетдневен карантин, кој може да биде прекинат со негативен тест направен најрано пет дена по влегувањето во земјата.

Покрај Македонија, од регионот ваков третман имаат и државјаните на Албанија, Црна Гора и Србија, а ним на црвената листа им се придружија Хрватска и Бугарија, како и Камерун, Конго и Сингапур.