Само неколку дена по 90-годишнината од гладот во Украина, германскиот парламент ја одобри резолуцијата со која гладот се признава како „геноцид“, објави АП.
Според различни извори, меѓу 3,9 и 15 милиони луѓе загинале во 1932-1933 година во во големата криза за храна позната под името „Гладомор“.
Според резолуцијата поднесена до Бундестагот, масовните смртни случаи од глад не биле резултат на неуспешна жетва, туку за нив одговорно беше политичкото раководство на Советскиот Сојуз под Јосиф Сталин.
Во 20 век, Украинците доживеаја три такви трагедии: во 1921-1923, 1932-1933 и 1946-1947 година. Но, најмасовен е гладот од 1932-1933 година – тој се нарекува геноцид на украинскиот народ, извршен од сталинистичкиот режим.
Точниот број на жртви никогаш нема да се знае бидејќи советскиот режим темелно ги уништи тогашните документи. Во многу случаи, на почетокот било забрането да се документира што се случува.
Германија не е првата земја што го призна гладот во Украина како геноцид. Според Музејот Холомодорус во Киев, 16 земји досега го признале гладот како геноцид, покрај Украина. Тоа се Австралија, Еквадор, Естонија, Канада, Колумбија, Грузија, Унгарија, Латвија, Литванија, Мексико, Парагвај, Перу, Полска, Португалија, САД и Ватикан. Други земји, вклучувајќи ги Аргентина, Чиле и Шпанија, го осудија како „чин на истребување“.






