Јетон Љужа, третообвинетиот за убиството на скопјанецот Никола Саздовски- Саздо член на навивачката група „Комити“, е екстрадиран од Германија. Љужа избега во Германија, а МВР веднаш го лоцираше, по што ги извести тамошните власти дека тој се наоѓа во Хамбург, и тие постапија по меѓународната потерница која беше распишана, објави А1ОН.



Саздовски беше убиен на 29 јуни 2018 година на автобуска постојка во Автокоманда.

Две лица, Бесир Беља и Скендер Демири, во април минатата година беа осудени на по 19 години затвор.

МВР потврди дека денеска ( 21.09.2020) од Германија во Македонија е екстрадиран Јетон Љужа (21) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ односно на 29.06.2018 околу 17.35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди.