Германија ги гаси нуклеарните централи

За само неколку дена Германија треба да ги затвори последните три нуклеарни централи кои се уште работат.



Но, истражувањето на јавното мислење покажаа дека мнозинството Германци се против овој потег: 52 отсто од испитаниците сметаат дека не е во ред да се исклучат од електричната мрежа последните три нуклеарни централи следната недела, а 37 отсто ја поддржуваат таа одлука. Единаесет проценти од испитаниците не

Сите германски нуклеарни централи требаше да бидат затворени до крајот на 2022 година според политиката на која се согласи поранешната канцеларка Ангела Меркел по нуклеарната катастрофа во јапонската централа Фукушима во 2011 година.

Но, поради војната во Украина и падот на испораките на руски гас ја доведе во прашање способноста на најголемата економија во Европа да продолжи нормално да функционира, а прашањето беше дали домаќинствата во земјата ќе можат да се загреат за време на постудените месеци.

Социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц беше принуден да донесе одлука трите нуклеарни централи да останат да работат до 15 април.

Сега, критичарите тврдат дека со целосно напуштање на нуклеарната енергија, Германија му врти грб на достапен и сигурен извор на енергија.

Лидерот на најголемата германска опозициска партија, Христијанско-демократската унија, остро го критикуваше затворањето на електраните.

„Тешко дека ќе најдете некој во странство кој го разбира фактот дека Германија, во најголемата енергетска криза во (последниве неколку) децении, затвора три безбедни електрани без штетниот CO2 и наместо тоа се враќа на јаглен и гас“, рече Фридрих Мерц.

Мерц го припишува фактот дека Германија ја преживеа зимата без економска криза или недостаток на гас на благите температури и заштедата на енергија во индустријата и домаќинствата.