Германската амбасадорка во државава Анке Холштајн потпиша договори за донација за јавните здравстевни установи Клиничка болница Штип, Општа болница Куманово, Општа болница Борка Талески Прилеп и Здравствен дом Гостивар со вкупна вредност од 152.000 евра.
Целта на донацијата е поддршка на Македонија при справување со пандемијата од Ковид 19 и директна помош на граѓаните, соопштита од Германската амбасада во Скопје.
Предвидено е македонските здравствени установи да ги искористат донираните средства за набавка на медицинска опрема и амбулантни возила.





