Германскиот експерт Роланд Бергер предупредува дека во Германија, поради пандемијата на Ковид-19 бројот на невработени би можел да достигне пет милиони.
Во јуни, според сегашните податоци, дури 2.8 милиони невработени лица биле регистрирани во бироата за вработување.
„Верувам дека постои опасност да достигнеме бројка од пет милиони невработени“, рече Бергер и додаде дека очекува стапка на невработеност од 10 проценти.
Ова, оцени тој, е огромна закана за германската економија.





