По кризата во 2008 година, годинава во Германија одново се најавуваат масовни отпуштања на работници во градежната индустрија во Германија.



Проценките се дека поради кризата во изградба на станови, без работа ќе останат 10 илјади луѓе.

Очекуваме дека околу 10.000 работници ќе треба да бидат отпуштени во наредните месеци – изјави за германската новинска агенција ДПА

„Причина: слаба економија во градежништвото. Додека комерцијалните и јавните градби забележаа само мал пад на продажбата во 2023 година, продажбата во станоградбата падна за 12 отсто, рече Тим-Оливер Милер, генерален директор на здружението за градежна индустрија ХДБ за ДПА.

Тој додава дека годинава продажбата во станови ќе падне за дополнителни 12 проценти.

Според ХДБ, 927.000 луѓе биле вработени во градежната индустрија во 2023 година. Укинувањето на околу 10.000 работни места опфаќа само околу еден процент од работните места во индустријата.

„Предвидувањата сепак се загрижувачки, бидејќи се очекува дека во 2030 година ќе има недостиг од околу 120.000 експерти во градежната индустрија, само поради демографските промени“,изјави генералниот директор на ХДБ Милер.

Со оглед на зголемените каматни стапки и зголемените трошоци за градежни материјали, изградбата на станови во Германија стагнира: Институтот Ифо очекува да се изградат само 225.000 станови во 2024 година, во споредба со проценетите 270.000 минатата година. ДЗ банка исто така забележува тренд на намалување: до 2025 година, бројот на завршени станови на годишно ниво би можел да се намали на 200.000 станови.

Тоа би било половина од планираното и ветувањето на владејачката коалиција. Истовремено, сериозен недостиг на простор за домување, особено во градовите, што се одрази и на поскапувањето на кириите.МИА