Германски суд осуди 50-годишен маж на доживотен затвор за минатогодишното убиство на вработен на бензинска пумпа, кој го повикал да ги почитува правилата и да носи маска, објавија германските медиуми, пренесе Ројтерс.
Убиството ги шокираше Германците во време кога стравувањата дека многумина го негираат коронавирусот и се склони да прибегнуваат кон насилство.
Германската новинска агенција dpa и другите медиуми објавија дека судот го прогласил обвинетиот, идентификуван само како Марио Х, за виновен за убиство и го осудил на доживотен затвор.
Тој го призна убиството на 20-годишниот вработен на бензинска пумпа, но се изјасни за виновен за убиство од небрежност со ограничена вина. При извршениот преглед, во неговата крв во моментот на убиството е пронајден алкохол.
Откако првично одбил да стави маска и ја напуштил бензинската пумпа, пријавениот се вратил со маска, но кога се доближил до касата пукал во главата на касиерот.
Вработениот починал веднаш, а Марио Н. подоцна се предал во полициска станица, велејќи дека мерките за коронавирус му предизвикуваат стрес.






