Германците „за“ ограничување на бројот на мандати на канцеларот

Јасно мнозинство Германци се за ограничување на времето кое еден политичар може да го работи како канцелар.



Во анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење YouGov, за новинската агенција ДПА, 61 процент од испитаниците се изјасните за ограничување на бројот на мандати на канцеларот, 24 проценти беа против, а 14 проценти одбија да одговорат.

Во Германија нема ограничување на бројот на мандат на првиот човек на владата.

Канцеларката Ангела Меркел ќе се повлече од функцијата по 16 години, по општите избори во септември.

Хелмут Кол, кој беше канцелар од 1982 до 1998 година, исто така ја извршуваше функцијата 16 години.

Конрад Аденауер беше канцелар на Западна Германија 14 години, од 1949 до 1963 година.

Истражувањето покажа дека желбата за ограничување на мандатот е најсилна кај приврзаниците на крајно десничарската Алтернатива за Германија.