Дури 29,3 милиони килограми чоколадни велигденски јајца и чоколадни зајаци, кои чинеле околу 394 милиони евра купиле Германците за минатогодишните велигденски празници.



Или, секој граѓанин потрошил во просек по 4,93 евра, се вели во студијата на „Нилсен“, компанија која го истражува пазарот.

Чоколадните зајаци и јајца се купуваат најмногу во неделата пред Велигден

Во 2018 година се продале 91 милиони чоколадни фигури, или еден милион повеќе од годината пред тоа. Меѓу нив, 75 милиони биле чоколадни зајчиња, објавува „Дојче веле“