Дури 64% од испитаниците Гррманци сметаат дека промената на власта би била добра за Германија, покажуваат резултатите од истражувањето на ИНСА за неделното издание на Билд.
„Само мизерни 22 отсто од Германците се задоволни со Олаф Шолц (65, СПД) додека 70 отсто велат „веќе не е можно“! – пишува „Билд“
Сегашната коалициска влада е составена од социјалдемократите на Шолц (СПД), Зелените и бизнис-ориентираните Слободни демократи (ФДП).
Анкета во петокот покажа дека 58% од Германците сметаат дека коалициската влада работи лошо.
Новата анкета покажува дека задоволството од Шолц и неговата СПД опаѓа, а сега 70% од испитаниците се незадоволни од неговата работа, што е зголемување за 10 процентни поени во споредба со анкетата од пред четири недели.






